Хрватска забележа нови 48 починати и 4.534 новозаразени со коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се пријавени 48 починати пациенти и 4.535 новозаразени со коронавирус, што е најмногу досега.

Според податоците на Националниот штаб за цивилна заштита, во Хрватска има 23.942 активни позитивни случаи. Меѓу нив, 2.501 пациент е во болница, од кои 258 се на апарати за дишење.

Од 25 февруари, во Хрватска се регистрирани вкупно 139.415 лица заразени со новиот вирус, при што 1.964 лица починаа, а 113.509 оздравеа, од кои 3.154 во последните 24 часа.

Во моментов има 57.894 лица во самоизолација.

До денеска се тестирани вкупно 780.257 лица, од кои 11.166 во последните 24 часа.