Хрватската амбасадорка во Охрид: Со градоначалникот Пецаков се разговараше за можностите за подобра соработка

Соработката на Охрид со градови во Хрватска, со компании, образовни и културни институции, како и конкретни предлози за нејзино подобрување беа тема на разговор на денешната средба на градоначалникот Кирил Пецаков со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ.

Во насока на интензивирање на соработката, меѓу останатото, беше посочена и идејата за воспоставување авионска чартер-линија меѓу Охрид и Дубровник, заедничка туристичка промоција на атрактивни дестинации во Македонија и во Хрватска, како и изнаоѓање начини за подобра економска поврзаност и соработка со хрватски компании.

Амбасадорката Тигањ ја искористи посетата на Охрид за да ја изрази хрватската поддршка на напорите на земјава за присоединување кон Европската унија, понудувајќи стручна помош во разговорите што државава ги има со европските институции.

Како што е истакнато од Кабинетот на Пецаков, се очекува во наредниот период дел од изнесените предлози да добијат и конкретна форма на соработка