Две деца се ранети од огнено оружје кога хрватска полиција синоќа пукаше кон комби со австриски таблички во кое се криумчареле мигранти, на само 200 метри од границата со Босна и Херцеговина.
Според денешното соопштение на хрватското МВР, полицајците пукале во тркалата на комбито бидејќи возачот се обидел да ги прегази, откако ја заобиколил блокадата поставена со цел да се фати шверцерот. Откако полицијата добила дојава за криумчарењето луѓе, поставиле блокади со светслосни и звучни сигнали во областа Раштел. Сепак, откако комбито излетало од патот шверцерот успеал да избега и се претпоставува дека е во Босна. Полицајците во возилото нашле 27 мигранти, од кои 15 малолетници.
Полицијата ги штити границите од незаконска миграција. Изразуам жалење порани ранувањето на децата, мислам дека тоа е многу лошо, и сигурен сум дека истрагата ќе покаже како тоа се случило, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Повредените деца на возраст од 12 години се во добра состојба.