Хрватскиот боксер Видо Лончар направи ретко глупав потег поради кој му се заканува доживотна суспензија во боксот.
На младинското аматерско Европско првенство кое се одржува во Загреб, Лончар беше поразен во втората рунда со технички нокаут од Литванецот Алгидра Баниулис. Откако судијата и третпат му одбројуваше на хрватот, го прекина мечот, но пред да биде прогласен победникот Лончар го нокаутираше судијата, а не прекина да го удира и додека судијата лежеше на подот.
Мораше да реагира обезбедувањето за да биде смирен боксерот, а судијата заврши во болница.