Хрватски воен пилот: Ова е срамно за НАТО, како може дрон колку Миг-21 да лета преку три земји

Хрватскиот воен пилот Иван Селак даде коментар за инцидентот кој се случи во Загреб, каде што се урна беспилотно летало кое минало преку три држави.

„Неверојатно е сред војна во Европа да лета дрон со брзина на ловец авион и да долета до главниот град на една НАТО држава и таму да се урне без гориво. Тоа е летало кое минало низ НАТО земјите Романија, Унгарија и Хрватска“, вели Селак.

„Тоа за мене е срамно, тоа е срамота за НАТО, тоа е срамота за заштита на воздушниот простор на држава членка на таков сојуз. Дронот летал на 1.300 метри висина и има должина на авион Ф-16 или Миг-21, морал некој да го види. Се движел само со 700 км на час, не ми е јасно како никој не го забележал“, додава воениот пилот.