Хрватскиот конзул со поддршка за д-р Стојменовски и кандидатите за градоначалници на Пехчево и Македонска Каменица

Кандидатот за градоначалник општина Делчево на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Николчо Стојменовски, на својата официјална Фејсбук страница информираше дека денеска ги пречекал на гости конзулатот на Република Хрватска во Република Македонија, г-ѓа м-р Вита Хузјан заедно со кандидатите за градоначалници на Општина Пехчево, д-р Александар Китански и Димчо Атанасовски Џими за Македонска Каменица

Тој напиша дека имале работен ручек,прошетка и кафе дружење.

– Голема благодарност за поддршката, пишува во неговата Фејсбук објава.