Хрватскиот министер за внатрешни работи задржан на интензивна нега

Хрватската влада соопштила дека состојбата на потпретседателот и министерот за внатрепни работи Ранко Остојиќ, кој бил итно однесен на операција, и понатаму е многу сериозна, но стабилна.

„Кај потпретседателот на Владата е утврден воспалителен процес во регијата на вратт заради што итно еизвршен оперативен зафат и дренажа на воспалителниот процес. Заради развојот на септичната состојба со знакови на сиркулаторен шок применето е интензивно лечење“, пишува „Танјуг“.

Остојиќ, кој пред два дена бил итно опериран, останува во Загреб на интензивна нега на Клиниката за внатрешни болести.

Како што пренесуваат хрватските медиуми лекарите се на мислење дека Остојиќ е во животна опасност. Хрватскиот јавен сервис пренел дека на министерот му откажале црниот дроб и бубрезите.

Министерот за внатрешни работи на Хрватска, Остојиќ, минатат недела го посети Белград, каде што со својот српски колега Небојша Стефановиќ потпиша договор за соработка на двете земји во заштитата на природата и други катастрофи.