Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ повторно најави во вторникот дека ќе стави вето на поканата за Финска за членство во НАТО, сѐ додека не биде решено прашањето за изборниот законик во Босна и Херцеговина со кој тамошното хрватско население нема да биде мајоризирано од страна на бошњачките политичари.
„Тоа е ненадејно прашање, ни дојде како пролетен дождец. Никој тоа не го очекуваше. И Хрватска би требало тука да се однесува како ма Хитлер Јунген, вака сите да станеме и може. Не, разговараме за тоа, не сме ниту Хилтер Јунген, ниту Титови пионери, ние сме модерна земја која размислива со своја галва“, рекол Милановиќ./
Рекол дека ако Кипар може да стави вето (во ЕУ) на санкциите против белорускиот претседател Александр Лукашенко додека не биде решен проблемот со Турција околу експлоатација на гасот „како Хрватска ова не би можела да го направи (…) Па ќе биде решено“/.
„Јас, како претседател на државата, кој ја претставува Хрватска на самитот на НАТО ќе ставам вето на поканата, доколку тоа биде на тоа ниво“, рече Милановиќ за новинарите во Вуковар, пренесува агенцијата Hina.
Самитот на Северноатлантскиот воен сојуз ќе се одржи кон крајот на мај во шпанската престолнина Мадрид.
Доколку поканата на алијансата биде упатена на пониско ниво, продолжил Милановиќ, тој не е сигурен дека ќе мора да го натера хрватскиот амбасадор на Советот на амбасадорите на земјите членки на НАТО, кој исто така може да упати покана, да го заземе неговиот став.
„Тогаш владата ќе мора да каже дека тие апсолутно и безусловно се, додека не се реши хрватскиот проблем, за тоа да тие држави да бидат повикани во НАТО: Тогаш тоа е предавство. А тогаш ќе ја прогонувам како ѓаволот душата на секој пратеник кој ќе гласа за ратификацијата пред се биде изменет изборниот законик во БиХ и не се запре зулумот над Хрватот“, рекол Милановиќ.
Порачал и дека „како ѓаволот грешната душа ќе го прогонувам секој пратеник (во хрватскиот Сабор) кој ќе биде ‘за’“ придружувањето на Финска и на Шведска на НАТО.
„Ние имаме една страна којашто е предавничка, луѓе со приватни мотиви, плус што ме мрзат. Тоа ќе мора да ѝ го објаснат јавност. Тоа ќе биде притисок врз Хрватска, овие се купени“, рекол Миленовиќ.
Милановиќ рекол и дека „не сака да се навлекува на такви јадици“ откако поранешниот руски претседател и премиер Дмитриј Медведев на својот Telegram канал објави дека на хрватскиот претседател му се заканува одмазда од Киев поради досегашните изјави за Русија и Укрина.
Милановиќ, притоа, истакнал дека не е на страната на Русија, првпат нарекувајќи ја руската страна агресор во украинската војна.
„Русите играат своја игра, тие се агресор во оваа војна, а ние имаме своја клика којашто активно работи против интересите на хрватскиот народ во БиХ. Јас дадов заклетва и на нивната заштита и за тоа политички ќе изгинам доколку е потребно“, рекол Милановиќ додавајќи дека не се плаши ниту од Русија, ниту од Украина.
Хрватскиот челник истакнал дека тоа не е „неговиот свет“.
„Јас сум на хрватската страна, се борам за хрватската држава и народ и за нив се обидувам да искамчам колку е можно повеќе. Нѐ третираат како будали и нација од трет ред, сетот тоа валкано и удбашки го поддржува (премиерот Андреј) Пленковиќ, само затоа за да се пресмета со мене, тоа е најстрашното“, рекол Милановиќ.
Посочил и дека на хравтскиот премиер не му ниту непријател, ниту соперник,
„Имаме предавничка влада којашто го предава хрватскиот народ во БиХ, кој бара толку малку, основа од основата на рамноправноста“, заклучил Милановиќ.