![kina vlada](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/kina-vlada.jpg?resize=678%2C381&ssl=1)
Кина соопшти дека ги поддржува напорите на Светска здравствена организација да го истражи потеклото на Ковид-19, како и оти е против обидите на САД и некои земји тоа прашање да се политизира и да се напаѓа Пекинг.
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чинјанг коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја спореди епидемијата со Перл Харбор и нападите од 11 септември, истакна дека САД се борат против новиот коронавирус, а не со Кина.
Таа за тврдењето на американскиот државен секретар Мајк Помпео дека вирусот потекнува од лабораторија во Вухан, истакна дека тоа е уште една лага во неговите континирани напади врз Пекинг.
– Кина е транспарентна кога станува збор за епидемијата со коронавирусот, а американските политичари изнесуваат неосновани обвиненија против Кина, посочи Хуа.