Откако во средата вечерта насилници од СДСМ тешко го претепаа легендарниот македонски алпинист, 67 годишниот Јован Поповски, хулигани на партијата на Зоран Заев вечерва претепаа уште еден постар човек.
Според сознанијата на КУРИР, без никаков повод и причина, неколку насилници го пречекале и физички го нападнале Т.Г. од Карпош.
Како што дознаваме, Т.Г. присуствувал на граѓанскиот протест пред Државната изборна комисија (ДИK) и се враќал кон сопствениот дом.
На враќање од протестот, се одвоил од групата и се упатил кон Катастарот. Кога стигнал кај училиштето во непосредна близина, со палки го нападнале повеќе лица. Единствено забележал дека двајца од нив се со фантомки.
Вандалите му нанеле сериозни телесни повреди, најмногу на главата и рацете. Цел крвав побарал помош и бил пренесен во болницата „8-ми септември“. Таму е во моментов и му се укажува помош, а од медицинскиот персонал е повикана и полиција.
Пред само два дена, насилници од СДСМ тешко го претепаа познатиот македонски алпинист Јован поповски, кој се здобил со тешки телесни повреди, скршеница на нос, рака и ребра.
Според информациите, додека Поповски седел во една позната скопска кафеана со пријател, едно од лицата што седеле на масата зад него му дофрлило „Ти да не си вмровец?“, на што Јове одговорил: „Не сум вмровец, а не сум ни предавник“.
Потоа алпинистот излегол од гостилницата со намера да си оди дома, но лицата што седеле на масата зад него тргнале по него и го нападнале Поповски, а во моментот сопственикот на гостилницата заедно со третото лице, кое било со напаѓачите, се обиделе да ги оттргнат насилниците. Тогаш нападнатиот почнал да трча со цел да избега, но насилниците повторно го фатиле и продолжиле да го удираат со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, по што избегале.