Хуманитарци во Грција обвинети за шпионажа поради спасување бегалци

Десетици хуманитарни активисти кои учествувале во спасување мигранти и бегалци, вклучително и еден сириски бегалец, во четврток ќе бидат изведени пред суд во Грција под обвиненија за шпионажа и откривање државни тајни, кои активистите ги оценуваат како „фарса“ и „политички мотивиран“ процес.

На дваесет и четворица соработници на организација за спасување бегалци „Emergency Response Center International“ (ERCI), којашто работеше на островот Лзбос од 2016 до 2018 година, им се закануваат казни до осум години затвор.

Обвините се и за криумчарење луѓе, припадност на организирана криминална група и за перење пари, за што можат да добијат и до 25 години затвор.

Директорот на организацијата за заштита на човековите права Amnesty International за Европа, Нилс Муизниекс, оцени дека ваквите обвинувања претставуваат „фарса“.

„Овој случај докажува колку грчките власти се подготвени далеку да одат за да ги одвратат луѓето од помагање на бегалците и мигрантите“, истакнува Муизниекс во писмената изјава за медиумите.

Другата меѓународна организација за човекови права Human Rights Watch оцени дека судскот процес против активистите е „политички мотивиран“, без дополнителни поединости.