Во ноќниот клуб „Хавана“ во Скопје вечерва со почеток во 21 часот ќе се одржи хуманитарна вечер посветена на Горазд Николоски – Гого.
Младиот битолчанец со спортски и непобедлив дух и во овој момент, кога се соочува со најтешката здравствена и животна криза (малиген тумор на коленото) е таков каков што беше секогаш: ведар, насмеан, оптимист!
Верува дека и овој пат како и во многу други случаи ќе излезе како победник.
Неговото лекување ќе чини доста скапо, а Гого потекнува од скромно семејство.