Дојде денот да се навратам на ликот и делото на овој професор за да види јавноста зошто високото образование е на ниски гранки, што направи СДСМ и ДУИ политиката во квалитетот на високото образование и како понатаму?!
Да почнеме од почеток!
Марјан Ѓуровски како човек од доверба на Владата на Владо Бучковски успева да се профилира во јавноста и да држи прес конференции за тогашните политики на таа влада. Истовремено, ако извршите пребарување на Google ќе видите дека уште од тој период има одредени информации во јавноста со негативен предзнак кога ќе се напише името и презимето Марјан Ѓуровски. Препишувал на испити: Ѓуровски препишувал на испит, Марјан Ѓуровски, советник за односи со јавноста на премиерот Владо Бучковски, го фатиле како препишува на испитот политички систем на Македонија со книгата под маса, раскажуваат студенти од Философскиот факултет.
После брзиот пад на тогашната влада, Марјан Ѓуровски, во времето на премиерување на Никола Груевски, успева преку блиски пријателски врски со тогашниот премиер (според јавното поговарање односно изразување на овие информации) успева ни малку, ни повеќе да се вработи како асистент на Факултетот за безбедност во Скопје. И почнува да гради кариера и да се пробива, при што брзо станува и Проректор на Универзитетот во Битола. За овој период од неговото функционирање поопширно сум пишувал и очекувам овие наводи да бидат истражени од новата влада!
Но, неговите желботеки не завршуваат тука! Брзо воспоставува релации со тогашниот Декан на Филозофскиот факултет во Скопје – Ратко Дуев и неговиот послушник Оливер Бакрески (кој исто така добро напредуваше во времето на Владата на Никола Груевски, а за кого посебно имам пишувано за одредени сомнежи за злоупотреби на Филозофскиот факултет! Така, Марјан Ѓуровски, успева да се трансферира од Факултет за безбедност во Скопје при УКЛО-Битола во Филозофскиот факултет во Скопје. Значи, му се може кај што сака да си прави прелети и да се етаблира!
Денес, да не сомневате дека со Филозофскиот факултет во Скопје управува триото Ратко Дуев (кој стана прв пат Декан во времето на ВМРО ДПМНЕ и неговата сопруга Директор на Гимназијата Јосип Броз Тито во Скопје, според принципот од секоја фамилија секој да биде функционер, заради што ВМРО ДПМНЕ плати добра цена на изборите!), Оливер Бакрески и Марјан Ѓуровски!
Но, малку му беше и ова на Марјан Ѓуровски. Набрзо стана и дел од кабинетот на екс Претседателот Стево Пендаровски. Добро е што неговото име и презиме не фигурира на официјалната веб страница на Претседателката!
И тоа му беше малку, па според одредени информации, на „предлог“ на Артан Груби станува член на Одборот за акредитација во високото образование и како најнов член, нели нормално е веднаш и Претседател на ова тело! Да, тој не е избран на Конкурс или предложен од Интеруниверзитетската конференција, туку директно на предлог од Владата со која раководеше екс премиерот Димитар Ковачевски!
Од ова може да се заклучи следното: Марјан Ѓуровски секогаш напредува преку висока партиска поддршка и секогаш има желба да биде тој што ќе раководи. Таква кумулација на функции потребно е да се провери дали е нормална и легитимна.
Но, има и уште една значајна карактеристика за овој професор – јавно да се слика и да собира поени. Така, минатата недела беше во посета на приватниот Американ универзитет во Скопје. Се прашувам, дали е отиден таму за да даде поддршка за овој универзитет како знак за благодарност што стана член и претседател на Одборот за акредитација од Владата со која раководеше Димитар Ковачевски, кој е случајно и професор на тој универзитет или пак се работи за благодарност од екс Претседателот Стево Пендаровски, кој исто така случајно е професор на тој универзитет? За што станува збор? Според кој критериум се вршат овие посети, дали се работи за сомнежи за влијание и корупција, затоа што веднаш беше објавена и фотографија од средбата во дувлото на истрошени кадри – професори од тимот на СДСМ! А, сето ова се случува во времето кога овој професор со одредени чекори се обидува да се наметне и приватизира Одборот за себе промоција! Нормално би било да го прави тоа со тимот од Одборот и да има план за службени посети и сликање со сите универзитети. Оваа практика е толку лоша и дискриминирачка што очекувам другите универзитети да поднесат пријава за дискриминација и форсирање на одредени универзитети од сомнителни мотиви!
Покрај овој основ, кој е доволен Владата на првата седница да го разреши Марјан Ѓуровски од член на Одборот за акредитација, како издржани ги наведувам и следните основи:
1. Од декември 2023 година, не е објавена ниту една нова објава на веб страниците на Агенцијата за квалитет во високото образование за донесените решенија за акредитација на студиски програми. По овој основ се однесува и за директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование кој треба да оди во пакет на дневен ред за разрешување! (додуша, директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование е незаконски поставен за што посебно пишував) Истиот, наголемо се фали дека се сретнал со новата министерка за образование, која, барала поддршка од него (нешто во што не можам ни да поверувам заради сите овие незаконски поставувања на позиција директор и поддршка на одделни факултети, а пред се на Универзитетот Визион!);
2. Како е можно за одделни факултети да се потпишуваат огромен број на акредитации за студиски програми и дали е тоа причината за нивно не објавување на веб страницата!)
3. Каде се тримесечните извештаи за работа на овие функционери во Агенцијата за високото образование и нејзините одбори? За криминал ли се работи?
Препорака до почитуваниот Премиер, проф. д-р Христијан Мицкоски, доколку се планира средување на состојбите во високото образование, прво да се почне од главата – од Одборот за акредитација и Одборот за евалуација во високото образование и Агенцијата за квалитет во високото образование! Рибата смрди од главата. Во најголем дел вина за овие лоши состојби имаат лицата кои се функционери во овие тела од страна на Владата на Димитар Ковачевски и Артан Груби!
Види повеќе: Дали Јетон Шаќири е вмешан во образовен криминал во високото образование
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес