По објавената сторија во медиумите за случајот со малиот Јован Кукувалиев, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба организираше хуманитарна акција.
Денес бевме во посета на семејството Кукувалиеви и ги дониравме собраните финансиски средства, намирници за храна, хигиенски средства и слично. Се надеваме дека со овој наш допринос ќе помогнеме малиот Јован полесно да ги помине сите предизвици кои му престојат во наредниот период, како за време на оперативниот зафат така и потоа со цел побрзо и полесно закрепнување.
Поддршка за јунакот Јован !
Да покажеме солидарност, хуманост, меѓусебна соработка и почитување .