Градинката „Буба Мара“ во текот на февруари продолжи со реализација на хуманитарно-едукативниот проект „Од дете за дете“ при Министерството за труд и социјална политика, во кој децата донираа вода и хигиенски производи, наменети за поплавените семејства низ Македонија.
Со ваквите акции децата уште од најмала возраст учат за солидарноста и хуманоста, за важноста на пријателството, за помагањето и почитувањето на другите.