По повод Денот на планетата Земја, денеска Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа организира хуманитарна акција под мотото „Од децата за децата“.
На хуманитарната акција ќе се продаваат над 300 рачни изработки и литературни и ликовни творби на учениците од основните училишта кои учествуваа на конкурсот на тема „Роза“.
Собраните средства ќе бидат наменети за хортикултурно уредување на дворот на Клиниката за детски болести во Скопје.