Во заедничка акција со Скопската православна епархија и отец Оливер, градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски подели пакети со хуманитарна помош на пензионерите.
-Чувството дека помагаш некому, дека си блиску до оние кои имаат потреба од нас, нѐ прави поголеми личности.
Утрово, во заедничка акција со Скопската православна епархија и отец Оливер поделивме пакети со хуманитарна помош на пензионерите од Кисела Вода.
Соочени со енормните покачувања на цените на сите намирници, со немањето слух на власта за нивните потреби и ниските пензии со кои не можат да си ги платат ниту комуналиите и лековите, не можевме да останеме без да направиме ништо.
Се надевам дека нашата помош ќе им значи и барем малку ќе им помогне.
Се надевам дека и еден ден некој ќе ги слушне нивните барања и реално ќе им се излезе во пресрет.
Пензионерите се наши баби и дедовци, родители и заслужуваат да бидат третирани на подобар начин а јас, согласно моите можности ќе направам сѐ за да се променат работите, објави Ѓорѓиев.