Пет камиони со по 20 тони собрани хуманитарни средства наменети за Србија, тргнаa денеска. Два од нив тргнаа од пунктот на Црвениот крст во Момин Поток, а се очекува да пристигнат кон краjот на денот. Помошта за Босна и Херцеговина со три камиони е најавена да тргне утре во 10 часот.
Вредноста на денешната пратка е 45.000 евра, а од Црвениот крст апелираат до граѓанте кои ќе донираат следните денови да се фокусираат на храна и средства за лична хигиена како најнеопходна помош во моментот.
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој беше во Момин Поток кога помошта им се испраќаше на поплавените во Србија, им се заблагодари на граѓаните за нивната хуманост и истакна дека и во следните денови ќе има испорака на хуманитарна помош за Србија и БиХ.
Јанакиески нагласи дека до денеска се собрани 24о тони помош. Тој алелираше до граѓаните и понатаму да продолжат да им помагаат на настраданите и да донираат, првенствено конзервирана храна, вода и средства за хигиена.
Преку мобилните оператори хуманите граѓани донирале околу 120.000 евра, а се очекува денеска сумата да биде далеку поголема.
Воедно, тој посочи дека со оглед на временските услови ,кај нас опасност од поплави нема.