Денеска во Драмскиот театар – Скопје, ќе биде изведена хуманитарна претстава „Апел за…“ , а средствата собрани од продадените билети ќе бидат донирани за СОС Детското село.
Театарската претстава ќе биде изведена од средношколци и студенти кои преку оваа претстава ќе го кренат својот глас против дискриминацијата, насилството и говорот на омраза. Учесниците во претставата се поранешни и сегашни членови на ДКЦ „С’клет“ при средното училиште на Град Скопје „Георги Димитров“.
Претставата е организирана од страна на PTPI Скопје-Macedonia Community Chapter, во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Драмскиот театар.
Креирана е во рамките на инцијативите на Националната кампања против говор на омраза, чиј национален координатор е Агенцијата за млади и спорт и е дел од активностите во Неделата за борба против расна дискриминација.
Билетите за претставата се во претпродажба на билетарницата на Драмскиот театар, по цена од 100 денари.