![Промотивен постер](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/Promotiven-poster.jpg?resize=640%2C823&ssl=1)
Хуманиарна театарска претстава за социјално загрозените семејства што го посетуваат Советодавниот центар за родители и деца при СОС Детското село, ќе се одржи на 29 март, во Драмски театар, со почеток во 15 часот.
Организатори на хуманитарната акција се „ ПТПИ Скопје – Маседониа комјунити чептер“ (PTPI Skopje-Macedonia Community Chapter), а поддржана е од Агенција за млади и спорт, Драмски театар и СОС Детско село.
Театарската претстава ќе биде изведена од средношколци и студенти кои преку оваа претстава ќе го кренат својот глас против дискриминација, насилство и омраза. Учесниците во претставата се поранешни и сегашни членови на ДКЦ „С’клет“, при средното училиште „Георги Димитров“. Претставата е креирана во рамки на инцијативите на Националната кампања против говор на омраза, а воедно е и придонес кон одбележување на неделата на Европски акции.
Цената на билетите е 100 денари. Билетите се во претпродажба на билетарницата на Драмски театар.
Сите собрани средства од продадените билети ќе бидат донирани.