Граѓаните и фирмите се уште можат да донираат на сметката на солидарниот фонд и преку мобилните оператори. Денеска Црвениот крст треба да донесе одлука дали акцијата ќе продолжи или пак средствата ќе бидат поделени на најпогодените од невремето. Досега се собрани над 700 илјади евра.
15 дена акција за хуманитарна помош во парични средства, храна, вода, хигиенски средства за настраданите во поплавите во Скопско. Досега се собрани над 720 илјади евра. И денеска се делеше помош за жителите погодени од природната катастрофа. Утре ќе се донесе одлука дали акцијата ќе продолжи или пак средствата ќе бидат поделени на граѓаните од населените места најпогодени од невремето. Во Стајковци и во Сингелиќ дневно се доставуваат од 400 до 600 пакети со намирници. Во изминатиот период се дадени 156 асистенции по прва помош.
Црвениот крст апелира да се донираат конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици, пешкири, пелени за возрасни, пластични кеси за ѓубре.
Во четирите прифатни центри „Ранка Милановиќ“, „Сениќ“, „Партение Зографски“ и „ФОН Интернат“ се сместени 310 лица, на кои им се дистрибуира хуманитарна помош, терапија со лекови за хронично болните и на најранливите лица.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани се уште може да донираат преку сметката на солидарниот фонд и мобилните оператори.од црвениот крст велат дека го очекуваат списокот за семејствата на кои ќе треба да им се даде помош, која ќе се распределува подеднакво.