![socijalni paketi 2 14 01 25](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/socijalni-paketi-2-14-01-25.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Денес, на денот на Свети Василиј Велики – симболот на дарежливоста и хуманоста, Општина Ѓорче Петров, заедно со градоначалникот Александар Стојкоски, спроведе акција за доделување хуманитарни пакети на социјално загрозените лица и семејства.
Акцијата беше реализирана во соработка со општествено одговорна компанија, со цел да се пружи поддршка на оние на кои им е најпотребна во овие празнични денови. Пакетите вклучуваа основни прехранбени и хигиенски производи, додека за најмалите беа подготвени посебни изненадувачки пакетчиња, кои донесоа радост, насмевки и топлина во домовите на нашите сограѓани.
„Свети Василиј Велики целиот свој живот го посветил на помагање на најслабите, а неговото дело нè инспирира и денес. Со оваа акција сакаме да потсетиме дека секое семејство заслужува достоинствени празници и полна трпеза,“ изјави градоначалникот Александар Стојкоски.
Оваа иницијатива е уште еден доказ за посветеноста на Општина Ѓорче Петров да создава заедница заснована на хуманост, солидарност и грижа за најзагрозените категории граѓани, соопштија од оваа општина.