Хуманитарни паркинзи во Охрид, a собраните средства преку наплатата ќе бидат донирани таму каде што е најпотребно

Денешниот ден го збогатуваме со уште една убава вест. Од денес на Кеј Македонија започнуваат да функционираат хуманитарните паркинзи.

Граѓаните преку плаќање за паркинг ќе донираат во хуманитарни цели. Средствата кои ќе бидат собрани од наплатата на паркинг ќе се донираат онаму каде што тоа ќе биде најпотребно.

За почеток се предвидени две паркинг места, а во иднина нашата цел е проширување на повеќе локации низ градот.
Охрид е правата општина во Македонија која воведува хуманитарни паркинг места.