Трката за Големата награда на Унгарија ќе остане во календарот на Светскиот шампионат во Формула 1 до 2032 година, објави управата на Формула 1.
Досега унгарските организатори имаа договор за одржување на трките до 2027 година, но соработката е продолжена за уште пет години. Како дел од договорот, Унгарците ветија дека ќе ја обноват и модернизираат тркачката патека. Посебно внимание ќе се посвети на реновирањето на босковите и доградба на новата главна трибина.
„Ова е специјална патека до неверојатниот град Будимпешта и една од оние коишто сите возачи и нашите фанови одвај ја чекаат во календарот“, изјави извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали.
Лоциран на само 20 километри од Будимпешта, култниот Хунгароринг е дел од календарот на Ф1 од 1986 година.
Рекордер на патеката е Британецот Луис Хамилтон со осум победи, четири пати славеше легендарниот германски возач Михаел Шумахер, а трипати трагично загинатиот Бразилец Аиртон Сена.
Викендов се вози трката за Големата награда на Унгарија, а се очекуваат повеќе од 300.000 гледачи.