Речиси 70 отсто од Турците чувствуваат страв од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објави весникот „Хуриет“, повикувајќи се на резултати од анкета на агенцијата „Гезиџи“, пренесе МИА.
Според анкетата, 68,5 отсто од испитаниците рекле дека се плашат од Ердоган, додека процентот на оние кои не чувстуваат страв од шефот на државата изнасува 25,5 отсто.
– Тоа значи дека двајца од тројца турски граѓани чувствуаат страв од Ердоган. Ако прашате некој Французин дали се плаши од претседателот Франсоа Оланд, најверојатно ќе ви одговри: „не го разбирам прашањето“, наведува „Хуриет“.
Според весникот, друг интересен податок од анкетата е дека 46 отсто од Турците сметаат дека одговорни за неодамнешниот напад во Анкара се групата Исламска држава, турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) и самиот Ердоган, додека 38 порценти вината ја гледаат во кудската Демократска партија на народтите (ХДП) и илегалната милитантна Курдска работничка партија (ПКК).