Нападите врз двата најголеми постројки на саудиската национална нафтена компанија „Saudi Aramco“ во саботата, биле изведени од три различни точки, изјавил во средата за телевизијата Al Jazeera, портпаролот на јеменското бунтовничко движење Ансар Алах, на шиитската племенска заедница Хути (Хусити), Јахја Сарија.
„Нападите врз саудиските објекти беа изведени од приврзаници на Ансар Алах од три разлини локации“, тврди Саирија. Според него, за оваа операција Хутите „користеле напредни беспилотни летала“. „Сите тие камуфлирани“, додава.
Како што истакна Сарија, новите беспилотни летала кои биле вклучени во нападите во Саудиска Арабија „се способни да носат по четири ракети секој“. Овие дронови, според портпаролот на јеменските бунтовници, „имаат дострел од 1.700 километри“.
Портпаролот на Хутите истакна дека се лажни сите материјали и фотографии кои САД и Саудиска Арабија во врска со нападите на нафтените постројки. Според Сарија, „оштетувањето на објектите кои беа цел на нападите со дронови е многу позначително“.
Истовремено, Хесамодиен Ашна, советник на иранскиот претседател Хасан Роухани, ги опиша како „катастрофа“ обвиненијата кои претходно во средата на прес-конференција во Ријад беа изречени и притоа презентирани „доказите“ за наводната иранска вмешаност, односно остатоци од дронови и проектили со кои бил изведен саботниот напад.
Портпаролот на саудиското министерство за одбрана, Турки ал-Малик покажувајќи ги остатоците рече дека постојат докази дека нападите се изведени од Иран, иако Хутите веднаш ја преземаа одговорноста.
„Прес-конференцијата докажа дека Саудиска Арабија не знае ништо за тоа од каде се лансирани ракетите и дроновите и не може да објасни зошто системот за противвоздушна одбрана на оваа земја не можел да ги пресретне“, напиша иранскиот фунцкионер на Twitter.