Борците на јеменскaта шиитска заедница Хути се подготвени за „долгорочна конфронтација“ со САД и Велика Британија, изјави во вторникот командантот на силите на таа исламистичка организација, Мохамед ал-Атифи.
„Подготвени сме за долгорочна конфронтација со силите на тиранијата. Американците, Британците и оние кои се координирани со нив мора да ја разберат силата на суверената одлука на Јемен и дека за тоа нема дебата или спор“, истакнува во писмената изјава на ал-Атифи.
На вонредната средба со командантите на воените сили изјави дека „продолжувањето на американско-британската агресија е јасно нарушување на суверенитетот на Јемен, што ја дестабилизира безбедноста и стабилноста на регионот“.
Како што оцени, американската администрација се меша во меѓународниот систем на вредности преку стандардите што ги поставува.
Ал-Атифи потврди дека пловидбата во Црвеното и Арапското Море до сите дестинации ширум светот е безбедна и стабилна и дека движењето на бродовите е безбедно, освен за израелските бродови или оние што одат во пристаништата на окупираните палестински територии, вклучително и американски и британски бродови.
Според него, одговорноста за правната, воената и политичката безбедност на Црвеното Море е на државите и земјите кои граничат со тоа море а, пред сѐ, на Јемен.