Сунитската коалиција предводена од Саудиска Арабија во неделата утрото соопшти дека бунтовниците од јеменската шиитска заедница Хути, поддржувана од Иран, извеле напади врз четири цели во кралството во кои се оштетени цивилни автомобили и куќи но немало жртви.
Саудиската државна новинска агенција SPA извести дека се нападнати постројка за десалинизација на морската вода во градот Ал Шакик, постројка на саудиската државна нафтена компанија „Aramco“ во Џизан, електроцентрала во Дахран ал-Џануб и гасна постројка во Камис Мушаит.
Сунитската коалиција, која се вклучи во граѓанската војна во Јемен во 2015 година, порача дека последната ескалација на судирите, во која цели се економски и цивилни објекти, е одговор на повикот на коалицијата на преговори за постигнување мир.
Советот за соработка во Персискиот залив (GCC), чие седиште е во Саудиска Арабија, планира да ги повика двете завојувани страни во Јемен, вклучително и Хутите, на консултации во Ријад до крајот на март, изјавија претходно седмицава за Reuters двајца саудиски функционери.
Потоа Хутите порачаа дека би учествувале во преговорите, но доколку местото на одржување би била некоја неутрална земја, вклучитело и земја во Заливот, како и дека приоритет е укинувањето на „арбитрарните“ ограничувања на јеменските пристаништа и аеродромот во јеменската престолнина Сана која со години ја контролираат Хутите и нивните јеменски сојузници.
Колацијата соопшти дека последните напади биле изведувани со балистички проектили, крстосувачки ракети и беспилотни летала. Исто така, известија дека ги откриваат и следат дроновите и ги пресретнуваат балистичките ракети чиишто цели биле цивили во Џизан.