Хутите се закануваат: Италија ќе стане цел доколку им се приклучи на нападите врз Јемен

Италија ќе стане цел доколку учествува во нападите врз Јемен, изјави висок функционер на јеменските Хутисти, кои ја имаат поддршката на Иран, во интервју објавено во понеделник.

Мохамед Али ал-Хути, челник на Врховниот револуционерен комитет на хутистите, за италијанскиот дневен весник La Repubblica изјави дека Италија мора да биде неутрална во израелско-палестинскиот конфликт и да изврши притисок врз Израел да ги запре нападите врз Појасот Газа.

Дадава дека прекинот на војната во Газа ќе биде единствениот начин да се постигне мир во регионот.

Италија во петокот соопшти дека ќе именува адмирал да командува со поморската мисија на Европската унија во Црвеното Море на која ѝ се приклучи за да ги заштити бродовите од нападите на јеменската шиитска милиција Хути.

Хутите речиси секојдневно вршат ракетни или беспилотни напади врз комерцијални и воени бродови кои минуваат низ Црвеното Море и Аденскиот Залив, како што велат, како поддршка на палестинската милитантна група Хамас во нејзината војна против Израел.

Мандатот на мисијата, која ќе започне во средината на февруари, ќе биде заштита на комерцијални бродови и пресретнување напади, но нема да учествува во нападите врз Хутите, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел.