И 3aeв реагира: Дpжaвaтa тpeба дa вoди гpижа, кaj дел од заеднците има paдикализам

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека од страна на министерот за правда е информиран дека одреден суд дозволил регистирање на салафистичка организација во Македонија за која што од безбедносен аспект е проблем за државата.

Тој се надева дека надлежните служби ќе влезат во решавање на ваквите прашања, а дека реакцијата на ИВЗ ги има наведено сите основи и содржини кои се, како што рече, дополнителна причина зошто државата треба да постапува и да изнајде решение по ова прашање.

-Во делот на заедниците за жал имаме радикализам, други девијантни појави коишто државата од многу други аспекти треба да води грижа, а не е само определбата на широчината на законот за верските заедниците. Информиран сум од министерот за правда дека одреден наш суд има направено регистрација на ваква верска заедница која што од безбедносен аспект за државата е проблем. Верувам дека самите надлежни служби ќе влезат во решавање на такви прашања и должно внимание и почит го разгледав документот од ИВЗ. Тој ги има своите основи и содржина и е само дополнителна причина зошто државата треба да постапува и да изнајде решение по ова прашање, изјави премиерот Заев.

Благодарение на Исламската верска заедница (ИВЗ) јавноста вчера дозна дека на 20 јануари во Македонија е регистрирана нова верска заедница, наречена Исламска селефиска заедница Дар Ел Хадис со седиште во Скопје. Од ИВЗ ја осудија регистрацијата и поднесоа жалба до Апелацискиот суд до овластено лице на новата заедница, извесен Шејх Џемаљ Јакупи. Од таму соопштија и дека судијката која го потпишала ова решение е Сузана Дончевска од Основниот граѓански суд во Скопје.

Кои се салафистите?

Салафизам е конзервативно движење на сунитскиот ислам кој заговара враќање на традициите на „побожните претци“.Имаат фундаменталистички пристап.Поделено е во три групи од кои најактивна е џихадистичката. Себеси се сметаат за први муслимани. Салафистите ја прогласија „Исламската држава“ во 2014 година на територијата на Сирија и Ирак. Нивна специјалност се сечење на глави и распнување на жртвата. Од салафитичкото движење учеше и лидерот на Ал Каида, Бин Ладен.