И јапонски доброволци се подготвуваат за борба во Украина

Кеичи Куроги се наоѓа меѓу десетиците јапонски доброволци во „меѓунардониот легион“ кои се одзваа на повикот на украинскиот претседател Владимир Зеленски за борба против руската војска кој ќе биде финансиран и вооружуван со западната помош дадена за Украина.

Куроги, канцелариски работник од југозападна Јапонија за Reuters изјавил дека се јавил во украинската амбасада во понеделникот откако го видел повикот за доброволци на Twitter/

„Кога видов постари мажи и жени во Украина како носат оружује и одат на фронтот, помислив дека би морал да заминам наместо нив“, рекол тој 39-годишник.

Амбасадата ја одбила понудата Куроги и како причина за тоа навела дека го нема потребното воено искуство.

Според тврдењето на организацијата од Токио која привлекува доброволци за војната, од вторникот за учество во украинската војна се пријавиле 70 мажи од Јамонија, од кои 50 поранешни припадници Јапонските сили за самоодбрана и двацја ветерани од француската Легија на странците, пренесе весникот Mainichi Shimbun.

Портпаролот на укрианската амбасада изјавил дека прима повици од луѓе кои сакат ада се борат за Украина, но не сакал подотелно да зборува за тоа.

Амбасадата на 28-ми февраури преку социјалните мрежи им се заблагодари на Јапонците за „бројните прашања за пријава“, но истакнала дека доброволците мора да ги исплонуваат следниот услов: „Сите кандидати мора да имаат искуство во Јапонските сили за самоодбрана или да минат специјална обука“.

Во новата објана на Twitter од средата, украинската амбсада во Јапонија наведуива дека бара доброволци со искуство во медицината, инфорамтичките технологии, комуникации или пожарникратството.

Во прилогот на Reuters се наведува дека војната во Украина предизвикала силни чувства кај Јапонците. Јапонија го има повоениот пацифизиран устав кој е последните кодини беше реинпретиран за да ѝ се овозможи на земајта да практикува колективна самообднрана илид а им помага воено на нападнати сојузници.

Куроги е сепак упорен да замине да се бори во Украина, доколку условите се променат.

„Дел сум од генерацијата која никогаше не видела војна. Работата не е во тоа дека сакам да одам во војна, туку во тоа јас попрво да носам оружје, отколку деца“, вели.