И Бајден и Трамп ги повикаа гласачите на Ники Хејли да ги поддржат

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански претходник Доналд Трамп, речиси сигурни кандидати за претседателските избори во ноември, ги повикаа во средата гласачите на републиканката Ники Хејли да ги поддржат.

Бајден ги повика гласачите на Хејли да го поддржат на изборите во ноември, откако таа се повлече од трката за републиканска претседателска номинација во средата.

Таа беше последниот противник на Трамп за претседателската номинација на Републиканската партија и се повлече по поразот на прелиминарните избори во ткна „Супер вторник“ во 15 сојузни држави.

Бајден рече дека Хејли, поранешна гувернерка на Јужна Каролина која Трамп во својот мандат ја назначи за постојан претставник на САД во Обединеите нации, е подготвена да ја каже „вистината за Трамп“, вклучително и за „хаосот што секогаш го следи“ и „неговата неспособност да разликува добро од погрешно“.

„Доналд Трамп јасно стави до знаење дека не ги сака поддржувачите на Ники Хејли. Сакам да бидам јасен: има место за нив во мојата кампања“, рече Бајден и аплаудираше што има „храброст“ да му се спротивстави на Трамп.

Многу републикански функционери ѝ забележаа на Ники Хејли дека иако без шанси за партиска номинација тврдоглаво останува во трката наместо да му овозможи простор на Трамп да се сосредотичи на кампањата покрај десетиците кривични случаи поведени против него. Меѓутоа, најмногу ѝ забележаа за примањето донации и финансиски зделки во нејзиниото семејство од истакнатите донатори на Демокртската партија, како и за поддршката од мејнстрим медиумите кои целосно се на страната на демократите и Бајден.

И Трамп, исто така, ги повика гласачите на Хејли да го поддржат.

„Би сакал да ги поканам сите поддржувачи на Хејли да се приклучат на најголемото движење во историјата на нашата земја.. БАЈДЕН Е НЕПРИЈАТЕЛ, ТОЈ ЈА УНИШТУВА НАШАТА ДРЖАВА… Направете ја Америка повторно голема!!!“, објави Трамп на социјалната платформата Truth Social.