
Софтверскиот магнат и голем донатор на Светската здравствена организација, Бил Гејтс, вели дека е позитивен на корона вирусот. Ко-основачот на Мајкрософт, во вторникот потврди дека бил тестиран за вирусот Ковид-19 и дека резултатот е позитивен и ќе биде изолиран додека не закрепне.
Објавата следеше додека Гејтс ја подготвуваше својата фондација за да се заложи за повеќе мерки за превенција од пандемијата, а објави и книга на оваа тема.
„Резултатот од тестот за корона е позитивен. Имам благи симптоми и ги следам советите на експертите. Ќе се изолирам додека повторно не бидам здрав“, напиша Гејтс на Твитер во вторникот, додавајќи:
„Среќен сум што сум вакциниран и имам пристап до тестирање и одлична медицинска нега“.