И благите симптоми на Covid-19 може да водат до проблеми со вниманието и паметењето

Пациентите со благи симптоми на Covid-19 коишто не патат од друигите вообичаени сопмтоми на ткн „долг ковид“ и подоцна може да имаат ослабено внимание и паметење шест до девет месеци по заразата, покажува истражувањето на британскиот универзитет Оксфорд.

Конгитивните проблеми кои влијаат врз способноста за концентрација, заедно со заборавноста и заморот, се знаци за долготрајниот Covid-19, состојнба којашто настанува кај пациентите по почетната зараза. Сѐ уште не е утврдено колку проблемите со вниманието би можело да бидат раширени по инфекцијата со коронавирусот.

Во споменатата студија учесниците кои претходно биле позитивни на коронавирусот но не пријавиле други вообичаени симптоми на „долгиот ковид“, биле замолени да учествуваат во тестови за паметењето и когнитивните способности. Научниците откриле дека учесниците биле значително полоши во присетувањето на личните доживувања, познати како епизодално паметење, до шест месеци по заразата. Исто така, до девет месеци по инфекцијата имале поголем пад на способноста за одразување на вниманието отколку незаразените поединци.

„Она што е изненадувачки е дека, иако нашите испитаници кои прележале Covid-19 во времето на тестирањето немале вообичаени симптоми на болеста, имале ослабени внимание и паметење. Нашите наоди откриваат дека кај луѓето може со месеции да траат хроничните когнитивни последици“, вели др Сијаи Жао од Одделот за експериментална психологија на Универзитетот Оксфорд.

Научниците наведуваат дека истражувањето покажало дека епизодалната меморија и способноста за концентрација главно се враќаат во нормала по шест, односно девете месеци. Вкупно 136 испитаници, исто така, покажале добри разултати на тестовите на другите когнитивни способности, вклучително и работното паметење и планирањето.

„Разликата меѓу групите со и без Covid-19 во смисла на неколку специфични знаци на когнитивната способноста анализирани во оваа студија беа впечатливи. И покрај ограничувањата на нерандомизираните истражувања, се чини малку веројатно дека овие резултати може да се објаснат со системските разлики меѓу групите кои не се поврзани со Covid-19“, оценува Стивен Барџес од одделот за биостатистика MRC на Универзитетот Кембриџ иако бројот на испитаниците бил мал.