Бразилскиот тренер Тите не размислува за можен судир со Германија во осминафиналниот натпревар, но овој натпревар е можен по киксот на светскиот шампион во мечот со Мексико, па најверојатно ќе играат со Бразил , ако јужноамериканците не направат кикс вечерва со Србија.
Не смееме да размислуваме за тоа и ве уверувам дека не размислуваме за тоа. Успехот на Мундијалот се гради така што тимот станува посилен како што одминува турнирот. Морам да ги најдам вистинските зборови бидејќи имам големи очекувања, вели Тите.
Според него, Србија има квалитет- Коларов, Ивановиќ, Милинковиќ-Савиќ, Митровиќ, Матиќ…
Тие се добри во скок игра, имаат врвни играчи, но способни сме да ги неутрализираме, не смееме да правиме фаули на крило. На светските првенства сè е сведено на тимските односи, на ривалите, лојалноста, а противникот кој и да е мора да го поминеме. Ние сме свесни за емоциите и притисоците, на нас е да ја задржиме студената глава, рече Тите.
По реваншот со Швајцарија 1:1 и победата над Костарика 2: 0, Тите потенцира дека пред неговиот тим е клучниот меч.
За грешките што ги направивме тренерот не зборува јавно. Се разбира дека треба да поправиме некои работи, не бегаме од тоа, но ако избирам помеѓу тоа да ме гризе совеста и да имам лоша репутација, го избирам второто, за некои работи нема да зборувам јавно, вели бразилскиот селектор.
Нејмар беше цел на критики поради симулирање, но против Костарика постигна гол.
Тој е талентиран играч, но се уште во фаза на опоравување. На натпреварот со Костарика играше многу подобро отколку на првиот натпревар, можеби вечерва со Србија ќе биде негова најдобар меч.Целиот тим добива или губи, не е сè на него, вели Тите.
Нејмар плачеше по победата над Костарика, а Тита вели дека дури и тој самиот плачел по победата над Еквадор во квалификациите и на неговото селекторско деби.
Сакам да и кажам на целата бразилска нација дека и јас плачев. Кога и се јавив на сопругата плачев од среќа и задоволство, бидејќи моја особине е некогаш да бидам премногу емотивен. Плачев од гордост бидејќи бевме под голем притисок да одиграме добро, заклучува Тите.