И Бучковски го поддржува Заев и обелодени дека и тој во 2006 сакал да ја продаде Македонија

Поранешниот премиер Владо Бучковски во изјава за НОВА во врска со серијата реакции на интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС, вели дека не е во ред некој да биде „обвинет” за распродажба на историјата кога во исто време, како што истакнува, искрено се бори за нашата европска иднина.

-Македонија ја доживува својата катарза. Мене ми е ова Deja Vu. Jас се обидов во 2006-тата по средбата со бугарскиот премиер Станишев да проговорам за нашата заедничка иднина во ЕУ, врз основа на нашата заедничка историја и изразивме подготвеност за заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј и Илинденското востание – истакнува Бучковски во изјавата.

Тој нагласува дека пред 14 години бил дочекан на нож од дел од медиумите, а сега 14 години подоцна друг премиер е „обвинет” за распродажба на нашата историја.

-Зошто? Затоа што, според мене, искрено се бори, од петни жили, за нашата европска иднина – истакнува Бучковски во изјавата.