И Бугарија ќе отвори фабрика за вакцини

За неколку месеци во Бугарија ќе има фабрика за вакцини, најави бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на неговата посета на Разград. Фабриката е во изградба, треба да биде готова за три месеци, а инвестицијата е вредна 120 милиони евра.

-Подготвени сме да започнеме со производство на вакцини. За 16 месеци ќе произведуваме стотици милиони вакцини и ќе спасиме стотици милиони живот – изјавил Борисов.

Инаку, фабриката е на компанијата „Биовет“, а во неа ќе се произведуваат и вакцини против ковид-19, како и други вакцини, вклучително и за ветеринарна употреба.

Пред извесно време, српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во Србија ќе се гради фабрика за вакцини на кинески Синофарм, во соработка со ОАЕ.