![могерини](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/mogerini.jpg?resize=696%2C505&ssl=1)
Црна Гора и Албанија се приклучуваат на одлуката на Европската Унија (ЕУ) за продолжување на санкциите против Русија и поединците во Украина, објави министерката за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини.
Таа изјави дека, освен Црна Гора и Албанија, Норвешка и Украина се приклучиле на одлуката, како што е објавено на веб-страницата на Советот на ЕУ.
„Црна Гора и Албанија, членката на Европската економска зона Норвешка, како и Украина, се приклучуваат на одлуката. Тие ќе обезбедат националните политики да бидат конзистентни со таа одлука“, рече Могерини, додавајќи дека ЕУ ја забележала нивната посветеност и дека ја поздравува одлуката.
Русија е под санкции на ЕУ од 2014 година, кога Унијата го обвини Кремљ за загрозување на територијалниот интегритет на Украина.