
Владата на Црна Гора прогласи за персона нон грата еден руски дипломат акредитиран во руската амбасада во Подгорица. Таквата одлука следи откако 20 земји го следеа примерот на Лондон и протераа руски дипломати во знак на солидарност со Велика Британија во случајот Скрипал.
„ Владата на Црна Гора донесе одлука да прогласи еден дипломатски претставник акредитиран во амбасадата на Руската федерација за персона нон грата и да ја повлече согласноста за дејствување на почесниот конзул на Руската федерација во Црна Гора“, се наведува во соопштението.