И црногорската полиција ја предупредила Грција за доаѓањето на навивачите на загрепски Динамо

Црногорската полиција ги предупредила грчките колеги дека хрватски навивачи ја минале границата и се упатиле кон Атина каде едно лице смртно беше прободено со нож во насилствата меѓу домашниот АЕК и загрепски Динамо.

Во понеделникот во седиштето на грчката полиција бил примен документ со кој црногорската полиција известла дека „ризични навивачи“ и „опасни љубители на спортот“ од Хрватска ја минале границата на Црна Гора и дека, според сѐ судејќи, преку Албанија патуваат за Атина, објави во вторникот вечерта атинската телевизија SKAI.

Во споменатиот допис се наведени податоци за бројот на лицата, моделите и типовите возила и регистерските ознаки, се додава во прилогот.

Претходно во вторникот хрватското Министерство за внатрешни работи објави дека информациите добиени од разузнавачката агенција ѝ биле доставени на грчката полиција уште на 4-ти август, како и на полициите на земјите кои се наоѓаат на рутата на патувањето.

Претходно Одделот на грчката полиција за сузбивање на насилството на спортските терени извести дека полициската управа со три документа во кои се пренесува податокот на хрватската Безведносно-разузнавачка агенција (SOA) била известена дека „речиси 100 навивачи на загрепски Динамо планираат да отпатуваат во Грција, каде што домаќини ќе им бидат грчки навивачи или ќе отседнат во сместувачки единици изнајмени преку платформата Airnub“. Во пораките од хрватската агенција до грчката полиција се наведувало и дека и навивачите на АЕК се известени за овие доаѓања и дека се организираат во близина на стадионот „ОПАП Арена“.

Натпреварот АЕК-Динамо беше одложен за 15-ти август по насилството во понеделникот вечерта во Атина, кога 22-годишен навивач на домашната екипа беше убиен во судир меѓу членови на навивачките групи во пресрет на натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите на УЕФА. Повредени се уште осум лица, а приведени се 98 хулигани.

Грчкиот министер за внатрешни работи Јанис Иконому изјави дека нема да се стеснува да побара одговорнсот од врвот на полицијата кој не успеал да го спречи инцидентот. Медиумите претходно известија дека поради инцидентот се суспендирани седум високи полициски функционери.

„Настанот е недозволив и непрофатлив, бидејќи очигледно е под можностите и докажаната способност на грчката полиција којашто, иако бриз пристапила кон приведување и апссење а 98 лица, потфрлила во доменот на превенцијата и одвраќањето“, изјави министерто Иконому.