И денеска стабилно и топло време

И во четвртокот во Македонија ќе проовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во јужните делови од јужен правец. опладне, во јужните и југоисточните делови од земјата ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи.

Индексот на ултравиолетовото зрачење ќе има вредност 7.

Утринските температури се во опсегот од 9 до 19, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе се движат од 23 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината, исто така, денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, со максимална температура до 33 степени.