
Во средата на територијата на Македонија ќе продолжи сончевото и топло време, со слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а дневната ќе достигне од 30 до 38 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде исто така сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се искачи до 36 степен.