Во Шангај во саботата е забележан рекорден број лица со симптоми на Covid-19, па и други кинески градови воведоа ограничувања според методот „брзо чистење“ којашто Кина ја применува за да ја острани високозаразната варијанта омикрон на коронавирусот.
Во економската зона на аеродромот Женгжу, центарот на кинеската индустрија каде што е сместено и седиштето на компанијата „Foxconn“ добавувачот на „Apple Inc, во петокот е објавено 14-дневно затворање коешто ќе бива „регулирано зависно од епидемиолошката ситуација“.
Во северозападна Кина, во градот Ксиан, поради повеќе десетици случаи на зараза со Covid-19, жителите се предупредени да избегнуваат непотребни излегувања од станбените комплекси, а на компаниите им се препорачува работа од дома или работниците да живеар на работното место. Владин функционер од овој град во саботата на жителите, коишто стравуваат од недостиг од храна, и порача дека во објавата не се споменува „затворање“, како и дека градот нема да го воведе.
Шангај, новото кинеско жариште на епидемијата на коронавирусот, во саботата објави рекорден број симптоматски склучаи на зарази, вкупно 3.590 за петокот 15-ти апруил, и уште 19.923 асимптоматски случаи. Бројот на заразените без симптоми благо пораснал во однос на претходниот ден, кога се регистрирани 19.872.
Бројот на заразените во Шангај го сочинуваат најголемиот дел од сите случаи во Кина, иако мнозинството од 25-те милиони жител на градот се во „локдаун“. Рестрикциите кои остануваат на сили или се прошируваат дополнително го отежнуваат нарушеното снабдување, и тоа би можело да предизвика доцнење во испораките за компаниите, како што е на пример „Apple Inc“. Економистите, исто така, тврдат дека ограничувањеата негативни ќе влијаат на годинешниот економски раст на Кина.
Градот Сужу, во близина на Шангај, во саботата објави дека сите работници кои може да работат од дома тоа и да го сторат, а станбените комплекси и работничките населби треба да го избегнуваат непотребните влегувања на луѓете и возилата. Во овој град во последниот бран забележани се 500 случаи на заразата.
Цела Кина на 15-ти април регистрирала 24.791 нов случај на коронаинфекција, од кои 3.896 симптоматски и 20.895 асимстоматски, објави во саботата кинеската Национална комисија за здравје, во споредба со 24.268 нови случаи од ден претходно, од кои 3.486 симптоматски и 20.782 асимтпоматски.