И екс обвинителот Ставре Џиков ќе се бори за претседателски кандидат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Според тоа, на Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за претседател на земјава ќе бидат и актуелниот претседател, Ѓорѓе Иванов, Јове Кекеновски и Божидар Ночев.
Во текот на денешниот ден, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев, одржа средба со кандидатите, односно со претставници на кандидатите при што беше утврден, со ждрепка, редоследот на претставување пред делегатите на Конвенцијата.
ВМРО-ДПМНЕ со својата Конвенција спроведува демократски, отворен и транспарентен процес во кој одлуката за тоа кој ќе биде кандидат за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја донесат 1.300 делегати.