Уште еден кикс и повторно пред најверните фанови, запиша убедливо најголемото разочрување во актуелната сезона од англиската Премиер лига, тимот на Манчестер Јунајтед.
Предноста на домашниот терен и подршката на најверните фанови на крајот не се покажа како доволна за да избраниците на Дејвид Мојес забележат сигурен триумф во дуелот против апсолутниот аутсајдер, тимот на Фулам.
Гостинот имаше минимално водство во поголемиот дел од натпреварот, но Јунајтед дојде до посакуваната предност со двата погодока во самиот финиш од натпреварот, а кога сите помислија дека Манчестер најпосле ќе освои три бода, резервниот напаѓач на Фулам, Дарен Бент постигна израмнувачки погодок во 94 минута од натпреварот.
Првенствената пресметка на “Вајт Харт Леин”, помеѓу екипите на Тотенхем и Евертон заврши со минимален триумф на домаќинот, а единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 65 минута беше дело на репрезентативецот на Того, Емануел Адебајор.