Од Европски Сојуз за Промена велат дека ДУИ физичките напади врз албанските професионалци сака да ги претстави како патриотизам.
„Ова само ја потврдува паниката и стравот од пораз во кој се наоѓа оваа партија. И ова не е првпат.
Претходно, на најнизок начин, со јавен линч низ порталите на Артан Груби, тие ја нападнаа претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. Само затоа што не потпадна на притисоците на ДУИ да го врати Груевски во Северна Македонија како херој“, посочија од таму.