И Грција ќе го менува својот Устав

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на седница на парламентарната група на неговата партија СИРИЗА ја откри содржината на предлогот за ревизија на Уставот за воспоставување на нови односи меѓу црквата и државата, односно за одвојување на едниот од другиот ентитет.

Државата и Црквата имаат рок на достасување, мудрост и чувствителност. Дојде време за експлицитно зајакнување на верската неутралност на грчката држава, рече премиерот.

Помеѓу другите 15 најавени уставни измени е и воведувањето на пропорционален изборен систем, кој сега е мешовит и може да се менува со закони.

Од останатите поважни, третиот предлог е, доколку се изгласува недоверба на владата, пратениците мора да имаат во тој момент алтернативен мандатар, односно веќе изготвен предлог кој да биде претседател на новата влада.