ИХФ реши да ги следи стапките на ЕХФ и да го суспендира Драган Начевски од натамошно вршење на ракометните функции се до конечната разврска на скандалот во кој е вклучен долгогодишниот македонски судија.
Тој во последните години со огромен успех ја вршеше функцијата шеф на судиската организација при ЕХФ, но данската телевизија ТВ2 презентираше докази дека на Начевски му било понудено преку избор на судии да влијае на конечен исход на одредени натпревари.
Иако во доказите јасно се гледа дека Начевски одбива да биде дел од такви „шеми“, ЕХФ го суспендираше Македонецот со образложение дека не го пријавил случајот до надлежните органи.
ИХФ преку допис до ТВ2 одговори на прашањата на данската телевизија поврзани со Начевски, информирајќи дека Драган а суспендиран од делегатските функции за претстојните големи натпреварувања организирани од светската ракометна федерација.
„Господинот Начевски е суспендиран од ИХФ, по одлуката донесена од ЕХФ. Тој не беше номиниран за СП за играчи до 21 година, како и за У19 мундијалот, кои беа организирани летово. Исто така, Начевски нема да биде во комбинација и за идните настани на ИХФ се до конечните резултати од истрагата што е во тек“, се вели во дописот на ИХФ до ТВ2.