Американскиот производител на чипови Интел ја прекина работата во Русија, приклучувајќи им се на голем број компании кои ја напуштија земјата по нејзиниот напад врз Украина.
Корпорацијата, која ги суспендираше испораките на клиентите во Русија и Белорусија минатиот месец, рече дека имплементирала мерки за континуитет на бизнисот, за да го минимизира нарушувањето на нејзините глобални операции, соопшти Интел и повикува на брзо воспоставување мир“, информираа од компанијата.
И International Business Machines (ИБМ) исто така ги прекина испораките во Русија, откако Украина ги повика американските компании за облак и за софтвер, да го прекинат бизнисот со земјата.
Серверите на ИБМ, Del Technologies и Hewlett Packard доминираат на рускиот пазар, при што компаниите и владините агенции се потпираат на технологијата развиена на Запад како основа за сопствените ИТ системи.