И иранскиот претседател Хасан Рохани се наоѓа во Бијариц за време на средбата на врвот на Г-7, но тој таму е поканет од невладините организации (НВО), изјави францускиот претседател Емануел Макрон, зборувајќи на прес конференција, цитиран од Tасс.
-Што се однесува до лидерот Рохани, тој e во Франција на покана на невладините организации, а не на покана на претседателството на Г7 на земјата домаќин, рече францускиот претседател.
Макрон додаде дека не се сретнал лично со Рохани, „но доколку (иранскиот претседател) тоа го посака, подготвен е тоа да го направи“.
Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф во неделата пристигна на самитот на Г-7 во Бијариц, чија посета не беше претходно планирана согласно официјалната програма . Консултациите на иранскиот министер во Бијариц траеја 3,5 часа. За тоа време Зариф разговараше со Макрон околу половина час, а останатото време со екипа од француски преговарачи, предводени од шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан.
Претставник на Елисеската палата изрази задовоство од резултатот од средбата.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не реагирал поради доаѓањето на Зариф на самитот, но не сакал да се сретне со него.